Зајков мора да замине од Ворскла поради конфликтот меѓу Украина и Русија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков ќе мора да си замине од Ворскла од Украина поради тензиите со Русија, кои ги донесоа двете држави на праг на војна.

Зајков се пресели во Ворскла пред неколку недели, но најверојатно ќе мора да го напушти тимот затоа што Министерството за надворешни работи на Македонија (МНР) ги повика македонските граѓани да заминат од Украина.

„Сите државјани на Македонија кои планирале посета на Украина, треба да избегнуваат патувања во земјата. Дополнително, сите државјани кои се во државата, ако имаат можност, во најбрз можен рок да ја напуштат државата“, соопштија од МНР.

Доколку Зајков го послуша повикот на МНР, тогаш ќе мора да си најде нов тим за неговата иднина.