Закана за „Старата дама“: Манџукиќ поради овој потег може да заработи суспензија…?! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус практично ја загарантираа осмата во низа титула во Италија, со оглед на тоа дека во Торино славеа против Милан со 2:1 во 31. коло од Серија А.

Имаа негатива на полувремето, но успеаа да направат резултатски пресврт и да слават на крајот.

Сепак, по мечот се подигна прашина во италијанските медиуми, најмногу пораду недосудениот пенал во корист на „Росонерите“, кога Алекс Сандро играше со рака во својот казнен простор.

Се појави уште една сомнителна ситуација, кога во финишот на средбата, Марио Манџукиќ го шутна Алеси Романјоли, исто така во својот казнен простор.

Хрватот од земја го шутна стоперот на „Росонерите“, тоа го рабесни Пјонтек, кого голманот на „Старата дама“, Војчех Шчесни успеа да го смири, но целата ситуација не ја забележа судијата Фабријо, како ниту неговите колеги од ВАР собата.

Сепак, медиумите од Апенините пренесуваат дека Марио Манџукиќ би можел ретроактивно да заработи казна, па останува да се види како ќе реагираат надлежните органи.