Заканувачки пораки во Милано: Донарума внимавај додека си во град!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума доби заканувачки пораки од страна на навивачите на Милан, откако си замина бесплатно од екипата.

Овој 22-годишен голман летово реши да потпише за ПСЖ, а навивачите на „росонерите“ сметаат дека тој ги избрал парите пред љубовта кон Милан.

Заминувањето поради пари никогаш нема да му го простат, а утрово пред тренинг-центарот во Милано се појавија пораки од ултрасите.

„Донарума, неблагодарно копиле. Не те забораваме предавнику. Биди внимателен кога ќе шеташ низ Милано“, пишуваше на пораките.