Закажана борба помеѓу Тајсон и Холифилд? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се чини дека судир кој стана актуелен за време на пандемијата од коронавирусот помеѓу Мајк Тајсон и Евандер Холифилд е закажан.

Двајцата легендарни боксери се вратија во теретана во последните неколку недели и многу се зборуваше за нивниот дуел. Борбата меѓу двата поранешни шампиони во тешка категорија се чини многу веројатна.

Фотографија од промотивниот постер веќе кружи на Интернет. Тајсон (53) и Холфилд (57) треба да ги вкрстат раквиците на 11. јули во Диријах, Саудиска Арабија.

Она за што се зборува може да се случи. Ќе има повторување на познатата борба од 1997. година кога Железниот Мајк гризна дел од увото на Холифилд. Потоа беше дисквалификуван и му беше одземена лиценцата за боксот за државата Невада.

И покрај фактот дека промоторите сè уште не дадоа официјална потврда за натпреварот, шпекулациите се зголемија значително во изминатите часови, особено по појавувањето на промотивниот постер.