Замената на „Пипита“ слета во Рим!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што Џанлука Ди Марзио ексклузивно јавува, Аркадијуш Милик веќе слета во Рим и се упати во спортската клиника „Виља Стуарт“ каде што треба да ги изврши лекарските прегледи.

Тој имено неодамна слета на „Фјумицино“ од Амстердам, а се очекува утре да биде и официјално претставен како ново засилување на Наполи.

Ајакс на име трансфер ќе заработи 35 милиони евра.

По повод заминувањето на Милик од редовите на Ајакс се огласи и капитенот на тимот од Амстердам Дејви Класен, кој го осуди Полјакот.

Класен наведе дека не може да го сфати потегот на Милик кој според неговите зборови отиде „само поради повеќе пари“.

И самиот Класен на самиот почеток на преодниот рок често беше поврзуван со премин под Везув, но капитенот остана верен на самиот клуб.