ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Додека со Наполи ги завршува маратонските преговори и полека, но сигурно го обезбедува историскиот трансфер на Виктор Осимен за 75.000.000 евра, Галатасарај не мирува на другите полиња и интензивно работи на засилување на тимот.
Манчестер Сити очекува дека шампионот на Турција наскоро ќе им испрати официјална понуда за голманот Едерсон (31) и е подготвен да преговара за продажбата на Бразилецот, пренесува Фабрицио Романо и додава дека преговорите помеѓу Галата и самиот Едерсон веќе траат.
Едерсон пристигна во Манчестер уште во 2017 година за 40.000.000 евра од Бенфика, а досега со Сити дури шест пати ја освоил Премиер лигата, со бројни други трофеи, меѓу кои најмногу се истакнува Лига на шампиони 2023 година.
Сити и тренерот Пеп Гвардиола изгледа се помириле со фактот дека остануваат без Бразилецот; пишувавме вчера за можните замени, имаше пет кандидати, но на крајот беше насочен Џејмс Трафорд, 22-годишниот англиски чувар на мрежата, кого Манчестер го продаде пред само две години.
Трафорд тогаш премина во Барнли за 23.000.000 евра, а договорена беше повратна клаузула за “граѓаните” од 46.000.000, колку што сега ќе треба да платат.
Фото: Принтскрин