Заминувањето на Бартомеу нема да го премисли Меси


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Неколку медиуми излегоа со вест дека евентуалното повлекување на Жозеп Мариа Бартомеу од претседателската функција во Барселона ќе го натера Лео Меси да остане во клубот.

Сепак, „Онда Серо“ пишува дека одлуката на Меси е конечна и тој ќе го напушти „Камп Ноу“ по секоја цена.

Веста за заминувањето на Меси е топ тема во светот на спортот во моментов и постојано се вадат шпекулации каде би можел да продолжи аргентинскиот фудбалер.

Засега според многу медиуми најсериозен кандидат за неговиот потпис е тимот на Манчестер Сити.