Заминувањето на Ибра е сè појасно – се шпекулира и за следна дестинација!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Втората авантура на Златан Ибрахимовиќ во дресот на Милан најверојатно ќе заврши на крајот на сезоната.

Ибрахимовиќ ги исплаши сите кога се повреди вчера на тренинг, но по прегледите беше откриено дека нема тешка повреда.

Како последна дестинација во кариерата на Ибра се споменува Хамарби. Легендарниот напаѓач така најверојатно ќе се пензионира во клубот, каде што купи акции неодамна.

Ибра во текот на кариерата играше за многу европски гиганти, како Ајакс, Јувентус, Интер, Манчестер јунајтед и ПСЖ, а имаше авантура и во Лос Анџелес Галакси.