Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Рубен Дијас потпиша за Манчестер сити и ја засили одбраната на тимот на Пеп Гвардиола, а на заминувањето од Бенфика беше емотивен.
Дијаз замина во солзи, но зборовите кои ги кажа Жорж Жесус сигурно ќе погодат многу љубители на фудбалот.
„Заминуваш од клуб кој е многу поголем од Манчестер сити, само што е финансиски послаб“, кажа Жесус на својот поранешен фудбалер.
Дијас во Сити ќе замине за 68 милиони евра, плус бонуси од 3,6 милиони, додека Бенфика го откупи и Николас Отаменди од премиерлигашот.