Заниоло: Од дете сонував за трофеј!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рома вчера го освои првиот европски трофеј во историјата, откако славеше во финалето на Конференциската лига со 1-0 против Феенорд, а стрелец на голот беше Николо Заниоло.

Заниоло кажа дека си го исполнил сонот и конечно освоил трофеј со Рома.

„Нема зборови со кои може да ги опишам нашите навивачи, тие се фантастични, а ова е подарок за нив. Имаме силен тим, а овој гол би го посветил на мајка ми, татко ми, баба ми, дедо ми, сестра ми и сите останати кои ми дадоа поддршка“, кажа Заниоло.

Ова е прв трофеј за Рома во европските натпреварувања, па сигурно уште долго ќе го слават.