Заниоло се „понуди“: Од дете навивам за Јувентус, Погба ми е идол!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Николо Заниоло призна дека негов омилен клуб е Јувентус, а идол му е францускиот репрезентативец Пол Погба.

Еден од најталентираните Италијанци се скара со Жозе Мурињо и Рома, по што беше испратен во Галатасарај, но сега сака да се врати во Серија А.

Изјавата на Заниоло предизвика реакција од италијанската јавност која смета дека фудбалерот му се „понудил“ на Јувентус.

„Не е никаква тајна, јас од дете навивам за Јувентус, а идол ми е Погба. Ако има шанса да се реализира таков трансфер, би бил среќен. Сите опции се во игра, една од нив сигурно е останување во Галатасарај и настап во Лига на шампиони“, кажа Заниоло.