„Заработив над милион долари, но мојата банкарска сметка не покажува така“


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Францускиот тенисер Артур Казо истакнува дека заработката на играчите не е толку колку што се прикажува, на пример, на веб-страницата на АТП.

Казо годинава стигна до осминафиналето на Австралија Опен и тогаш заработи повеќе од 200.000 долари.

По плаќањето на разни даноци, му остана значително помалку.

„На мрежите има некои кои велат: ‘Проклетиот Казо, 21 година, освоил 230.000 долари во Австралија, што е многу’. Не се жалам, но за да зборувате за Австралија, мора да знаете дека на хартија пишува 230.000. Значи, она што е означено на мојата АТП листа, каде што сум заработил милион и нешто од награди, воопшто не изгледа така на мојата банкарска сметка“, изјави Казо и додаде:

„За Австралија имате данок од 46%. Кога ќе се вратите во Франција, од преостанатиот износ имате данок помеѓу 25 и 30 проценти, имате ‘социјално осигурување кое ви зема 20%. И така доаѓате до сума која е речиси четвртина од прикажаната сума“.