Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Милан, Тиемуе Бакајоко во претходните денови беше жестоко критикуван поради тоа што задоцни еден час на тренингот.
Сепак, агентите на фудбалерот во разговор со италијанските медиуми открија дека постои јасна причина зошто нивниот клиент доцнел на тренинг.
Во пораката која ја испратиле, тие тврдат дека Бакајоко на патот до тренинг-центарот останал без бензин и тоа била причината за доцнењето. Исто така, тие велат дека му недостига и возачко искуство
„Росонерите“ за доцнењето на тренингот најави санкции, но засега не е позната висината на неговата казна.
Од друга страна, навивачите се прашуваат како може еден милионер да остане без бензин сред пат. Бакајоко добива шест милиони фунти годишно.