Заработува милиони, а живее во „30 квадрати“: Јаник Синер шокираше со изјавата


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вториот тенисер на светот Јаник Синер неодамна ја освои својата 21. АТП титула во кариерата кога триумфираше во Пекинг, а можност да ја зголеми својата колекција на трофеи ќе има на Мастерсот во Шангај. По повлекувањето на Карлос Алкараз, Синер ќе биде главниот фаворит за титулата, а најголеми конкуренти ќе му бидат Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.

Италијанецот во 2025 година освои три титули, додека минатата сезона беше значително поуспешен, собирајќи дури осум. Сè поголемиот број трофеи му создава проблем бидејќи живее во многу мал стан, па вредните предмети мора да ги чува кај неговите родители во семејната куќа.

Јаник, по победата во Пекинг, беше прашан каде ги чува трофеите и неговиот одговор ги изненади многумина. “Секогаш кај моите родители. Мојот стан е прилично мал, така што нема многу простор”, рече вториот “рекет” на планетата.

Тоа што живее во скромен стан е прилично чудно ако се земе предвид дека Синер е еден од најплатените спортисти на денешницата. Според податоците на Forbes, во 2024 година заработи околу 26,5 милиони долари, од кои 11,6 милиони од наградите на турнири, а 15 милиони од спонзорски договори. Неговата вкупна заработка изнесува 47,3 милиони долари, а повеќе од половината од оваа сума е заработка од спонзори. Италијанецот соработува со познати брендови како Nike, ШиШи, Alfa Romeo, Lavazza. Наводно, неговиот договор со Nike вреди 150 милиони долари.