Заразено и петгодишно дете по тениското лудило во Задар: Коронавирус има и внукот на…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Потврден е нов случај на коронавирус во Задар како последица на тенискиот турнир „Адрија Тур“ организират од Новак Ѓоковиќ.

Новиот случај го потврди и првиот човек на службата за епидемиологија во заводот во Задар, Алан Медиќ.

Станува збор за дете од пет години кое заедно со своите родители е во самоизолација. Засега младиот заразен пациент нема никакви симптоми.

„Индекс“ дознава дека станува збор за внук на сопственикот на задарскиот ресторан „Нико“ во кој беа познатите тенисери.

Ѓоковиќ, Димитров, Зверев и останатите правеа забава во овој ресторан, а се очекува од истата да излезат уште позитивни.