Засилувањето од 85 милиони евра најави заминување од Ливерпул!? (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез не е среќен во премиерлигашот, а често добива критики поради пропуштените шанси, па поради тоа најавил дека ќе замине од „Енфилд“.

Уругваецот беше платен 85 милиони евра, а оваа сезона постигна 18 голови и 13 асистенции во сите натпреварувања, но и покрај тоа не престануваат критиките на негова сметка.

Заминувањето на тренерот Јирген Клоп е уште една причина поради која сака да замине, а клубот очигледно е расположен да го продаде.

Нуњез ги избриша сите фотографии со клупскиот дрес и остави само неколку приватни, но и со репрезентацијата на Уругвај.