Застрелан поранешен колега на Антиќ од Атланта! (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот кошаркар Адреиан Пејн почина на 31-годишна возраст, откако бил застрелан со пиштол од друго лице.

Полицијата од Флорида објави дека во понеделникот загинал маж на 31-годишна возраст, а потоа американските медиуми објавија дека станува збор за Пејн.

Пејн бил застрелан неколку дена пред да се приклучи на новиот клуб Ал Сад од Катар, а во текот на кариерата играше со Перо Антиќ во Атланта хокс, а го носеше дресот и на Орландо меџик и Минесота тимбервулвс.