Затекнатиот Матуиди од коронавирус не сака да зборува, испрати порака преку сопругата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Блез Матуиди е вториот играч на Јувентус кој е заразен со коронавирус. Клубот од Торино го потврди синоќа.

Маутиди нема симптоми на вирусот „Ковид-19“ и не е во опасност, меѓутоа, знаејќи дека е заразен, исклучително тешко го помина овој период искусниот француски играч од средниот ред.

Францускиот светски шампион не сакаше да дава изјави или да се огласи на социјалните мрежи, тој само ја замоли неговата сопруга Изабела да им каже на сите дека е добро.

Матуиди и неговото семејство се затворени во нивниот дом веќе седум дена, а самоизолацијата ги чека во наредните десет дена.

„Ние сме дома веќе една недела. Бараме мир и приватност. Во наредните десет дена ќе останеме дома. Блез не сака да зборува, само ме замоли да ви кажам дека се чувствува добро.”, порачува Изабел