Завидува или вистина е така? Зидан не знаел дека Меси ја добил наградата за најдобар играч на светот…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на вчерашниот ден беше одржана церемонијата организирана под палката на ФИФА на која се избра најдобриот фудбалер за 2019 година.

За најдобар беше избран фудбалерот на Барселона, Лионел Меси кој ја победи потесната конкуренција која ја сочинуваа Вирџил Ван Дајк и Кристијано Роналдо.

Иако целиот свет го следеше централниот настан, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан истакна дека не го следел и одби да говори на таа тема кога беше прашан да ја коментира наградата на Лео Меси.

„The Best? Не го гледав и не ни знам дека имало нешто такво“ –кратко изјави Зидан.