Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот шпански репрезентативец Начо Фернандез стави потпис на нов договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната 2022/23.
Оваа информација ја потврди шпанскиот гигант на официјалната страна, а треба да се каже дека Начо првите фудбалски чекори ги направи токму во Реал.
За клубот од Мадрид одигра 233 меча, а постигна осум голови и четири асистенции, додека минатата сезона во сите натпреварувања одигра 33 натпревари и имаше по еден гол и асистенција.
Со Реал ги освои сите можни трофеи, па може да се пофали со два трофеи во Ла Лига и Суперкупот, четири во Лига на шампиони и клупското светско првенство, а еден доби и во шпанскиот Куп.
Тоа што не го знаете за Начо е дека додека тренирал во младинските категории дознал дека има дијабетис. Имал само 12 години, но потоа станал зависен од инсулин, а тоа не го спречило да прекине со тренинзите.
Во едно од интервјуата тој зборуваше за дијабетисот.
„Јас сум нормална личност. Дијабетисот секогаш е тука и јас се трудам да ги правам сите работи како што треба и да водам сметка за себе. Многу сум внимателен“, вели Начо.