Завршен напад: Клоп ќе го засили Ливерпул во последен момент


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска е последниот ден во летниот проден рок и нè очекуваат возбудувања до самиот финиш на трансфер-маркетот.

Ливерпул реши да го засили тимот во последниот ден од преодниот рок, а тренерот Јирген Клоп сака да го ангажира Ибрахим Сангаре од ПСВ.

Сангаре игра на позицијата дефанзивен играч за врска, каде што Ливерпул има потреба од засилување, па Германецот сака да го реализира трансферот до вечерва.

Трансферот на ѕвездата на ПСВ ќе ги чини „црвените“ најмалку 40 милиони евра.