Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Илија Забарњи од денес е нов член на ПСЖ. Тој пристигна од редовите на Борнмут за 63 милиони евра.
Дваесет и двегодишниот централен дефанзивец, кој ќе го носи дресот со број 6, станува првиот украински играч во историјата на клубот.
Потпиша договор на пет години, односно до летото 2030 година.
“Возбудени сме што продолжуваме да ја јакнеме нашата екипа со потпишувањето на договорот со Илија Забарњи. Иља е талентиран интернационален играч и голем професионалец – тој ќе даде голем придонес за сето тоа што го градиме на долг рок во Пари Сен-Жермен,” рече Насер Ал-Хелаифи, претседател на ПСЖ.
Il entre dans la lumière. Il est désormais l’un des nôtres.
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 12, 2025
Bienvenue à Paris Illia Zabarnyi ❤️💙 pic.twitter.com/dmQN4QdeHt
Фото: Принтскрин