Заврши авантурата во Кина: Симеоне доби ново засилување за Атлетико Мадрид (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетико Мадрид најверојатно до крајот на преодниот рок нема да купи шпиц, иако тоа беше голема желба на тренерот Диего Симеоне.

Вчера се појавија шпекулации дека Јаник Караско е во Мадрид и чека да потпише со Атлетико, а денеска беше потврдена таа информација.

Атлетико соопшти дека 26-годишниот крилен фудбалер се вратил на клубот на позајмица. Караско пристигна од кинески Далијан Јифанг на позајмица до крајот на сезоната, кога ќе му заврши договорот со сегашниот клуб.

Да потсетиме, Караско во 2018 година на изненадување на многумина во Атлетико реши да се пресели во Далијан, но неговата кинеска авантура се претвори во кошмар.