Заврши ерата која траеше повеќе од деценија: Ремзи се збогува со Арсенал!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арон Ремзи по 11 години го напушта Арсенал, ова лето се сели во Торино, каде ќе заигра за Јувентус.

Тоа не е ништо ново, со оглед на тоа дека Велшанинот веќе во февруари потпиша преддоговор со „Старата дама“, но новост е дека играчот за врска веќе го одигра својот последен меч за тимот од Северен Лондон.

Таа можност се појави по мечот со Наполи во четвртфиналето од Лига Европа, кога доживеа повреда, а сега е и потврдено од страна на новинарот на Би-Би-Си, Дејвид Орнштајн, кој прв ја пренесе информацијата дека Ремзи се сели во Италија.

Повредата на задната ложа, Ремзи ќе го одвои од теренот до крајот на сезоната, што значи дека тој веќе заврши со Арсенал.

Се надеваа во клубот дека би можел да го одигра евентуалното финале во Лига Евроа, но до тоа нема да дојде.

Ремзи оваа сезона постигна шест погодоци на 40 настапи, вкупно 64 на 369 настапи, откако на „Емирати“ стигна од Кардиф за околу шест милиони евра.

Ќе остане запаметен по победничките погодоци во финалињата од ФА Купот во 2014. и 2017. година, а трофејот во најстарото натпреварување на светот го подигна 2015. година.