Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот шампион Барселона ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ) идната сезона, откако каталонските медиуми објавија дека истрагата на УЕФА не пронашла докази за „аферата Негреира“.
Сите застанаа против Барселона откако беше објавено дека потпретседателот на судиската комисија Хозе Мартија Енрикез Негреира добил осум милиони евра за 17 години.
Барселона се бранеше дека тоа биле пари за консултантски услуги и подготовка на фудбалерите и тренерите за новите правила и начинот на делење правда.
Откако не беа пронајдени докази против Барселона, УЕФА реши да ѝ дозволи на екипата да настапи во елитното натпреварување.