Заврши спектакуларниот шопинг – време е за распродажба на „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед по големиот летен шопинг се подготвува за распродажба во зимскиот преоден рок, а англиските медиуми ја објавија листата од играчи кои треба да заминат.

Гигантот од „Олд Трафорд“ ова лето ангажираше спектакуларни засилувања како Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо, но затоа на зима ќе продава играчи.

На трансфер-листата на Оле Гунар Солскјер се наоѓаат Дони ван де Бек, Џеси Лингард, Ентони Марсијал, Ерик Баи, Фил Џонс, Диого Далот и Алекс Телес.

Ниту еден од овие фудбалери не успеа да се наметне во екипата на Солскјер, кој реши да ги продаде и да заработи доволно пари за нови потенцијални засилувања.