Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона може конечно да здивне и да не се грижи за тоа дали ќе остане без Лионел Меси на лето бидејќи тој не ја активираше клаузулата според која може бесплатно да замине од клубот.
Тоа значи дека Аргентинецот ќе остане во Каталонија барем уште една сезона, освен доколку некој клуб не плати богатство за да го ангажира.
Меси во 2017 година го продолжи договорот со Барселона на уште четири години, а во него постоеше клаузула според која можеше да замине бесплатно до 1 јуни 2020 година.
Иако Меси со години му е верен на тимот, сепак навивачите ги исплаши поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, кој неколку месеци вели дека Интер сака да го ангажира Аргентинецот.