„Зборуваат дека судии му помагаат на Реал Мадрид за да го намалат нивниот успех“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Аитор Каранка тврди дека е убеден во точните судиски одлуки и сите ги споменуваат кога одат во корист на Реал Мадрид за да се намали успехот на шпанскиот гигант.

Каранка во Реал работеше како помошник на Жозе Мурињо, па многу добро ја познава ситуацијата во Мадрид.

„Секогаш е иста приказна, со ВАР или без него. Некои се жалат на почетокот на сезоната, а некои на крај, но сепак одлуката за титулата и испаѓањата ја носат клубовите независно од судењето. Ова со Реал е иста приказна по не знам кој пат. Кога Реал победува, тогаш се зборува за судии за да се намали нивниот успех“, кажа Каранка.