Зборуваше за рушење на „Камп Ноу“, иднината на Меси и остана без трка за претседател на Барселона


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Агусти Бенедито нема да биде кандидат за претседател на Барселона, иако имаше големи планови за иднината на тимот. Тој зборуваше за рушење на „Камп Ноу“, заминувањето на Лионел Меси, но сепак нема да има шанса да исполни било што од тоа.

Бенедито објави дека не успеал да собере 2.257 гласови и тој нема да биде меѓу кандидатите за претседател на клубот.

Кандидатите Жоан Лапорта, Виктор Фонт, Тони Фреикса и Емили Русауд ќе се појават во клубот и ќе ги предадат потписите, а ќе видиме дали ќе успее уште некој во тоа.

Претседателските избори во Барселона се закажани за 24 јануари, а фаворит за победа е Лапорта.