Здравјето на фудбалерите на прво место: Пет замени ќе има и следната сезона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Извршниот одбор на Светската фудбалска федерација (ФИФА) е подготвен да донесе одлука за да остане правилото за пет замени во текот на натпреварите.

ФИФА ја внесе оваа промена за да се спречат повреди бидејќи распоредот е густ поради пандемијата на коронавирус.

Меѓутоа, постои голема можност дека од следната сезона повторно ќе го гледаме истото правило, а веќе е почната процедурата за донесување на таква одлука.

Помалите клубови кои немаат многу фудбалери се против ваквата одлука затоа што сметаат дека ова правило им дава предност на клубовите со поширока клупа и само тие имаат корист од тоа.

Сепак, тешко дека некој ќе го предомисли Извршниот одбор на ФИФА да донесе таква одлука.