Земјотрес на „Итихад“: Манчестер сити може да остане без Халанд!?


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Ерлинг Халанд неодамна го продолжи договорот со Манчестер Сити на 9,5 години, но „граѓаните“ би можеле да останат без него веќе летово!

Двете страни потпишаа договор до дури 2034 година според кој Норвежанецот добива повеќе од 600.000 евра неделно.

Меѓутоа, не е сè така добро за Сити. Постои еден услов под кој Халанд може да го напушти клубот, а Манчестер Сити да не се прашува многу, со што и самиот фудбалер се осигура во случај клубот значително да подфрли.

Како што ексклузивно открива „Ел Насионал“, Халанд се обезбедил доколку клубот не се квалификува за Лигата на шампионите наредната година.

Ако Сити не биде меѓу четирите најдобри екипи од Премиер лигата, а во моментот е петти, Халанд во договорот има посебна клаузула која му дозволува да преговара со други клубови.