Земи или остави: Реал Мадрид му постави услови на Модриќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во изминатите денови се шпекулира за иднината на Лука Модриќ, кој има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната.

Шпанските медиуми објавија дека „кралевите“ му поставиле ултиматум на 38-годишниот Хрват, кој треба да исполни два услови за да остане барем уште една година во Мадрид.

Пред сè Модриќ ќе мора да ја намали својата плата, која во моментов изнесува 19 милиони евра годишно, а исто така ќе треба да се откаже од „десетката“.

Модриќ во следната сезона би добивал шанса од клупата за резерви со цел да им помогне на помладите фудбалери во тимот.