„Земјотрес“ и во Реал Мадрид: Перез заклучил судија во соблекувална!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во изминатите денови најмногу на удар беше Барселона поради соработка со поранешен член на судиската комисија во Ла Лига, а сега со слична ситуација се соочува и Реал Мадрид.

Судијата Едуардо Итуралде Гонзалес, кој судеше во Ла Лига од 1995 до 2012 година го обвини првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез дека го заклучил во соблекувална.

Овој инцидент се случил по натпреварот меѓу Реал Мадрид и Депортиво Ла Коруња во сезоната 2010/11, кога шпанскиот гигант славеше со 6-1.

„Оваа телевизија функционира на таков начин. Ако се новинари, треба да истражат. По победата од 6-1, еден човек ми вели дека сака да му свирам исто како што ѝ судам на Барселона. Му кажав дека разговорот е завршен, по што сакаше да ме заклучи во собата. Тој што ме внесе во соблекувалната беше Флорентино Перез и нема да кријам, има и извештај“, вели поранешниот судија.