„Земјотрес“ на Островот: Тотенхем најде нов напаѓач, Кејн ќе го засили Манчестер сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Тотенхем интензивно бара нов напаѓач, па сега испратил понуда од 60 милиони евра за Влаховиќ и најверојатно Србинот ќе се пресели во Лондон.

Овој 21-годишен напаѓач има понуда и од Атлетико Мадрид, но преговара и со Фиорентина, која не сака лесно да се откаже од одличниот Србин.

Трансферот на Влаховиќ во Тотенхем би можел да предизвика нов „земјотрес“ на Островот бидејќи Хари Кејн ќе си замине од Лондон и ќе го засили Манчестер сити, кој нуди околу 150 милиони евра за неговиот потпис.

Тоа би бил втор голем трансфер на „граѓаните“ ова лето, откако претходно тие го купија Џек Грилиш за речиси 120 милиони евра и така поставија рекорд.