„Земјотрес“ во Арсенал: Артета пред отказ, а управата веќе има замена?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал ја почна многу лошо новата сезона во Премиерлигата бидејќи запиша два порази, и тоа најпрво од Брентфорд и потоа од Челси.

Навивачите на Арсенал не се задоволни со начинот на кој тимот го одработи преодниот рок и во моментов делува дека ќе имаат уште една лоша сезона.

Арсенал никако да се врати на славните патеки по заминувањето на Арсен Венгер, а очигледно клубот целосно ја променил тактиката и за засилувања.

На голем удар се најде и шпанскиот тренер Микел Артета, на кој не му оди најдобро откако беше избран за тренер на Арсенал.

Англиски „Телеграф“ објави дека прва желба на „топчиите“ е италијанскиот експерт Антонио Конте, кој во моментов нема работа.