Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ерлинг Халанд следното лето речиси сигурно ќе го напушти тимот на Борусија Дормтунд, а за него интерес покажаа најсилните клубови во светот.
Дортмунд нема добра сезона и ја загуби битката за титулата од Баерн Минхен, па на крајот на сезоната се очекува уште неколку играчи да го напуштат клубот.
На трансфер-листата ќе бидат Торган Азар, Џулијан Брандт и Нико Шулц, кои не ги исполнија очекувањата на раководството на тимот и од јуни може да бараат нова екипа.
Сепак, играчите не мора да бидат загрижени. Азар привлече внимание од француските клубови, додека другите двајца можат да прифатат понуди од послаби бундеслигашки тимови.