Земјотрес во најава: Ал-Келаифи му ја „отвори вратата“ на Нејмар!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на францускиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Келаифи најави нов трансфер, па најверојатно Бразилецот Нејмар ќе може да си замине од екипата.

Ал-Келаифи отворено зборуваше за судбината на Нејмар, кој во текот на минатата сезона беше критикуван од навивачите.

Неговите настапи долго време не се на очекуваното ниво, па наскоро Нејмар би можел да биде продаден.

„Не може да зборуваме со комплицирани прашања во медиумите, но некои фудбалери мора да заминат од клубот. Тоа се работи кои се зборуваат само во екипата. Сакаме фудбалери кои ќе се борат за овој клуб, ги сакаме тие што имаат намера да победуваат. За следната сезона нашата цел е јасна – секој да даде 200 отсто од себе, само така ќе стигнеме до резултати“, кажа Ал-Келаифи.