Згодната Дилета ги менува мажите – пак во прегратка на еден од љубовниците! 📸

Приватниот живот на италијанската водителка Дилета Леота е една од главните теми во италијанските медиуми веќе одреден период.

Бурниот љубовен живот често е тема на италијанските медиуми, а во претходниот период не се тргна од насловните страни поради големиот број мажи со кои се поврзуваше.

Прво беше објавено дека се разделила со турскиот актер Џан Јаман, а потоа се појави информација и фотографија на која може да се забележи со газдата на Рома, Рајан Фридкин.

Неколку дена по објавата на Дилета, во која се правдаше дека нема љубовник, водителката повторно се најде во прегратка на турскиот актер.

Дилета заедно со Јаман уживаат на едно езеро, а на фотографиите може да се забележат страсни прегратки.