Зголемен наградниот фонд на Африканскиот куп на нации


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Африканската фудбалска конфедерација (КАФ) го зголеми наградниот фонд за Купот на африканските нации за 40 отсто, а тоа значи дека победничкиот ќе добие дури седум милиони долари.

Во споредба со минатиот турнир, тоа е за два милиони долари повеќе од наградата која ја освои Сенегал во 2021 година.

Полуфиналистите ќе заработат по 2,5 милиони долари, додека на четвртфиналистите ќе им припаднат по 1,3 милиони долари.

Африканскиот куп на нации ќе се игра од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата коска, а на турнирот ќе учествуваат 24 држави.