„Жал ми е за навивачите на Федерер и Надал, но Ѓоковиќ ќе го освои Ју-Ес опен!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ успешно мина три пречки на Ју-Ес опен, па останаа уште четири за да испише историја во светот на тенисот.

Доколку го освои и турнирот во Њујорк, тогаш Србинот ќе стане тенисер со најмногу гренслем-турнири и зад себе ќе ги остави легендарниот Роџер Федерер и Рафаел Надал, кои имаат по 20 такви трофеи.

Легендарниот американски тенисер Џим Куриер се надева дека српскиот тенисер ќе го освои Ју-Ес Опен.

„Нека им биде јасно ова на сите. Жал ми е за навивачите на Федерер и Надал, но го охрабрувам Ѓоковиќ да го освои Ју-Ес опен. Тоа ќе биде одлично за спортот. Нешто неверојатно за него, но и за тенисот“, кажа поранешниот освојувач на четири гренслем-титули.