Ждрепка за Копа Америка: Аргентина и Бразил можат да играат само во финале


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јужноамериканската фудбалска унија одржа ждрепка и ги извлече групите за Копа Америка, при што Аргентина и Бразил дознаа дека може да се соочат само во финалето.

Светскиот шампион Аргентина ќе игра во групата А со Перу, Чиле и подобриот од дуелот помеѓу Канада и Тринидад и Тобаго.

Мексико, Еквадор, Венцуела и Јамајка се во групата, Б. Домаќинот САД во групата Ц ќе игра со Уругвај, Панама и Боливија.

Бразил доби место во последната, групата Д со Колумбија, Парагвај и подобриот од бараж натпреварот помеѓу Хондурас и Костарика.

Турнирот се игра од 20 јуни до 14 јули идното лето, а финалето е закажано на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.