Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Карим Бензема игра одлично во дресот на Реал Мадрид и неодамна ја освои „Златната топка“, па конечно ја заслужи наградата откако во претходните години беше во сенка на останати играчи.
Бензема имал желба да игра со една фудбалска легенда, која во минатото го носеше дресот на Барселона, а тоа е Бразилецот Роналдињо.
„Играв со Роналдо и Зидан, но кога ќе размислам, сметам дека ќе беше убаво да ја делам соблекувалната и со Роналдињо“, вели 34-годишниот напаѓач.
Роналдињо беше голема ѕвезда додека го носеше дресот на Барселона, но потоа замина од Шпанија и неговата кариера тргна во надолна линија, а Бензема допрва почнуваше да игра сериозен фудбал.