„Жена ми почина месецов, а сега го закопаа и мојот омилен клуб“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тажна фудбалска приказна ја потресе Англија во претходните денови. Еден од најстарите клубови во земјата, Бјури, беше принуден да згасне откако се најдоа во големи финансиски проблеми.

Кен Клен, еден од навивачите на клубот, раскажа тажна приказна, откако неодамна му починала сопругата, а сега останал и без омилениот клуб.

„Ова ми беше 59. сезона како го следам тимот. Пропуштив само два домашни меча. Еднаш бев во Канада, а вториот пат ми доцнеше авионот од Мајорка и не стигнав на почетокот. Бев венчан 23 години, но Бјури го сакав од првиот ден. Тешко е да се знае дека можеби никогаш повеќе нема да дојдам тука на стадионот. Сопругата ми почина на трети август, а денеска го закопаа и мојот омилен клуб“, раскажува 67-годишниот навивач.