Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед е на праг да донесе уште едно засилување. Досега во клубот пристигнаа Арон Ван-Бисака и Даниел Џејмс, но сега очигледно на „Олд Трафорд“ ќе пристигне и Бруно Фернандеш.
Станува збор за 24-годишен фудбалер, кој игра за Спортинг Лисабон, но привлече интерес на голем број европски клубови.
Англиски „Сан“ пишува дека Јунајтед ги договорил условите со фудбалерот и тој се наоѓа на праг до преселба во Манчестер.
Спортинг нема лесно да го пушти Фернандеш, па наводно Јунајтед ќе мора да плати барем 60 милиони фунти, доколку сака да го заврши трансферот.
Фернандеш во текот на минатата сезона одигра 53 меча, а притоа постигна 32 гола и 18 асистенции.