Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар ги брои последните денови во Реал Мадрид, па само прашање е на време кога ќе си замине од шпанскиот гигант.
Азар во дресот на Челси важеше за еден од најдобрите играчи во Европа, па тоа го натера Реал да го купи за 115 милиони евра, но Белгиецот целосно разочара во Мадрид.
Повредите на Азар не му даваат мир, а сега стигна нова и докторската екипа на Реал предложи операција, но Флорентино Перез го губи трпението и сака да го продаде белгискиот репрезентативец.
Се споменуваа неколку заинтересирани тимови, но по повредите се загуби интересот од Лил и Челси, па некои споменуваа и преселба во Белгија, иако такво нешто е малку веројатно.
Тешко е да се дава прогнози за иднината на Азар, а некои сметаат дека Перез со ваков потег ќе го натера Белгиецот да ја заврши кариерата.
Азар минува низ тежок период, иако пред неколку сезони беше и меѓу кандидатите за „Златната топка“ и притоа настапи 116 пати за неговата татковина.