Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Најдобриот спортист на Србија на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, веќе месеци наназад трпи брутални навреди од својата земја. Овој пат му испрати жестока порака поранешниот кошаркар, а денес автор и филозоф, Љубодраг ‘Дуци’ Симоновиќ.
Новак Ѓоковиќ плаќа скапа цена за поддршката на студентите за време на протестите против властите во Србија. Режимот не му го простува овој потег, а особено не сцените на ‘пумпање’ за време на Вимблдон.
Зборот ‘пумпај’ стана симбол на отпор против властите на Александар Вучиќ, а Новак го изведуваше на Вимблдон со ќерка му Тара.
За поранешниот кошаркар, а денес филозоф, Љубодраг Симоновиќ, Новак е странски плаќеник кој ја руши државата. Жестоко го навредил човекот кој е симбол на српскиот спорт.
Популарниот ‘Дуци’ во емисијата Балкан Инфо изрече сериозни навреди кон Ѓоковиќ.
“Поединци добиваат големи пари и веруваат дека се подготвени да одредуваат некои работи и ги користат”, ја започна приказната Симоновиќ и потоа продолжува:
“Тоа е случајот со Новак Ѓоковиќ. Западот го користи него. Го планираат да биде претседател на Србија. Замисли го тој идиотизам. Еден полуписмен човек кој ни основно училиште не завршил.
.