Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник реши во средбата против Барнли да го остави Кристијано Роналдо на клупата за резервни фудбалери, а на теренот му даде шанса дури во 68. минута.
Рангник на денешната прес-конференција објасни зошто Роналдо не го почнал натпреварот од првата минута.
„Натпреварот бараше многу спринтови, бркање на топка и борба. Во таков систем подобро се вклопува Едисон Кавани и затоа тој беше стартер“, кажа Рангник.
Роналдо не беше среќен што остана на клупата, а тоа го покажа по последниот судиски свиреж, кога не остана ниту секунда на теренот и веднаш замина за да го покаже своето незадоволство.
Португалецот сезонава одигра 26 натпревари за „црвените ѓаволи“ и притоа постигна 14 голови и три асистенции.
Cristiano Ronaldo ran straight off the pitch at the final whistle of Man Utd's draw with Burnley 😬 pic.twitter.com/vnsYvYakmb
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 8, 2022