Жестока шлаканица за Хрватите: Еден од најдобрите доби позитивен тест на корона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите хрватски репрезентативци и фудбалер на Интер, Иван Перишиќ има позитивен тест на ковид-19.

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) во саботата ги доби резултатите од редовното тестирање и следеше шок зашто Перишиќ е позитивен и ќе мора да оди во 10-дневна самоизолација.

Медицинската служба на репрезентацијата веднаш го изолираше Перишиќ од останатите членови на репрезентацијата и сега тој ќе мора да остане во карантин додека не добие негативен тест.

Ова е сериозен удар за селекторот Златко Далиќ, зашто еден од неговите најдобри фудбалери најверојатно ќе го пропушти остатокот од Европското првенство (ЕП), освен ако не се врати за можното финале доколку Хрватска стигне до него.