Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во соблекувалната на Олимпик Марсеј се случи „пожар“, а наводно по поразот од Рен, се судрија Адриен Рабио и Џонатан Роу, поради што мораше да интервенира обезбедувањето, додека 17-годишниот Дарил Бакола се онесвести.
Олимпик Марсеј состави солиден тим кој треба да се бори за врвот на Лига 1, но веќе на почетокот на сезоната настанал раскол во соблекувалната, по што тренерот Роберто Де Зерби отпишал двајца играчи, Рабио и Роу.
Во меѓувреме, Де Зерби „се закачи“ со мајката на Адриен Рабио, Вероник Рабио. Италијанецот возвратил на коментарите на Вероник Рабио дека на Мејсон Гринвуд му е дадена „втора шанса“ во нејзината критика на двојните стандарди на клубот.
„Го оставам гордоста на страна. Но не мислам дека сум поважен од Рабио. Постоји хиерархија“, започна Де Зерби. „Да каже мајката на Рабио дека сме му дале втора шанса на Гринвуд… Тоа е лудост.“
„Овде зборуваме за приватните животи на луѓето – не е фер да се зборува за други луѓе. Зборуваме за кавга што се случила на работното место.