Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ неочекувано беше елиминиран од турнирот во Виена, а неколку дена по поразот се јави и директорот на турнирот кој покажа незадоволство поради тоа што се случило.
Ѓоковиќ по дуелот не личеше на себе, делуваше незаинтересирано и на крајот загуби, со што го заврши своето учество на турнирот во Виена.
Србинот на прес-конференцијата за медиумите објасни зошто не играл на ниво на кое се очекува од него, но тие зборови очигледно не го убедиле и директорот на турнирот.
„Го постигнав тоа по кое што дојдов тука. Ја обезбедив првата позиција“, беше искрен Ѓоковиќ по дебаклот.
Веднаш потоа се јави диркеторот на турнирот, кој беше – лут како рис.
„Такви коментари не се потребни. Дури и ако го мислите тоа, не се кажува на прес за медиумите. Со тоа мора да живееме. Сега е потребно време поради вирусот. Не жалиме поради ништо, среќни сме што се одржа турнирот“, кажа директорот.